Од кое овошје и да се направи, тој е погоден за нашиот организам доколку не засладува премногу
Кога ќе се вратиме во раното детство, бабите беа оние кои често сакаа да ни подготвуваат компоти од различни овошја како уживање.
Експертите откриле дека е драстично поздраво кога подготвувате компот од свежо овошје.
– Бобинките се извор на минерали. Тие содржат витамин Ц, кој е неопходен за имунитетот. При замрзнување и термичка обработка се губи значителен дел од оваа хранлива материја, што и не е толку лошо бидејќи количината што ја содржат пред овие процеси е 2-3 пати поголема од оптималниот дневен внес. 100 гр свежи шипки и рибизли содржат повеќе од 200 отсто од нашата дневна потреба за витамин Ц – откри Јулија Чеконина, експерт во областа на нутриционизмот и диетологијата.
Тие содржат биофлавоноиди кои ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, кој е важен за превенција од настинки.
– Компотите од овошје и бобинки имаат антисептично дејство. Не е неопходно да се додаваат бои, вкусови или конзерванси на домашните компоти, што е голем плус. Друга придобивка од овие овошни пијалоци е тоа што го контролирате внесот на шеќер – од вас зависи дали ќе ги засладите, а секако поздраво е да не го правите тоа. За да се зачуваат повеќе хранливи материи во овошјето, подобро е компотот да не се готви долго време – вели познатата нутриционистка.
извор: popara.mk