Облеката во зелена боја е ефектна и ве издвојува од толпата, а сепак лесно се комбинира и се вклопува во сечиј стил.
Носете ја со неутрални тонови како беж, сива, кремаста, бела или со фармерки. Од друга страна, ако сакате модни експерименти и не се плашите да бидете во центарот на вниманието, зелената можете да ја комбинирате со други светли бои – жолта, розова, портокалова, сина…
Кога станува збор за нијансите на зелена боја, најмодерни се зелената лимета и тревната зелена, но нема да погрешите со посветли или потемни тонови од наведените. Важно е само да е зелено.
Оваа боја ги брише годините, на стилот му дава младешки, урбан печат и убаво изгледа во секојдневните, но и во свечените прилики. Едноставен, зелен свилен фустан е одличен избор доколку сте гостин на крштевка или свадба, а добра инвестиција е зелената јакна која може да се комбинира на десетици начини.
Погледнете ја инспирацијата за носење зелено во нашата галерија.