Радио Милева ги дувна свеќичките

Саша Матиќ го прослави 44-иот роденден: Семејството му приреди славеничко изненадување (ФОТО)

Саша Матиќ го прослави 44-иот роденден: Семејството му приреди славеничко изненадување (ФОТО)

Музичката ѕвезда Саша Матиќ  го прослави својот 44 роденден, а ќерките Александра и Тара му приредија специјално изненадување.

Откако Саша го завршил  настапот отишол во семејниот дом каде го чекале ќерките и сопругата Анѓелија кои организирале сѐ, а пејачот не можел да претпостави дека дома ќе го чека изненадување. Само што влегол, ќерките го гушнале и му го честитале роденденот, а после тоа ги дувнал и свеќичките од роденденската торта.


Саша  доби бројни честитки од колеги и пријатели од целиот свет, а со  најблискиот круг на пријатели, Саша организираше прослава во еден познат белградски ресторан каде го одбележаа овој посебен ден.

„Важно е да имаме убави прилики за славење, а сѐ е многу полесно кога имате прекрасно семејство и пријатели. Ќе има уште убави прилики во наредниот период, а она што го знам е дека мојата публика се радува на тоа. И ова лето ќе биде работно. Во септември ќе одам на американска турнеја, а потоа во октомври имам голем концерт во Загребската Арена  кој е веќе распродаден и најверојатно ќе отвориме и  друг термин. Австралиската турнеја ќе следи во ноември – изјави во оваа прилика Матиќ“.

Тимот на Саша во наредните недели треба да ги објави датумите на новите концерти за Спаладиум Арената во Сплит, Старк Арената во Белград, како и за концерти во Тузла и Сараево. Саша на крајот од минатата годината го издаде албумот „Два живота“, а според официјалната статистика, целиот албум го слушале над 40 милиони луѓе.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sasamatic_official/приватна архива

 

To top