Живот и Стил

Рецепт за вкусна италијанска фритата: Здрав оброк кој ќе го засити целото семејство

Рецепт за вкусна италијанска фритата: Здрав оброк кој ќе го засити целото семејство

Фритата е италијанско јадење кое потсетува на омлет или кајгана.

Таа од неа се разликува по тоа што, освен јајцата, во фритатата може да додадете буквално сè од зеленчук, зачини и млечни производи.

Ова јадење е прекрасен сојузник кога ви е потребен брз, вкусен и заситен појадок кој ќе го израдува цело семејство.

Состојки:
– 10 јајца;
– 400 грама свеж спанаќ;
– 200 грама младо сирење;
– Млад кромид;
– 2 домати;
– 1 главица кромид;
– Сол и бибер;
– Зачини по вкус;
– Масло за јадење.

Подготовка:
Загрејте ја тавата, додадете малку масло за јадење и ставете го ситно исечканиот кромид да прокрчка додека не омекне.

За тоа време, изматете ги јајцата, додадете спанаќ, сирење, сол, бибер, зачини по вкус и кромидот, па сето тоа заедно помешајте го.

Вратете ја целата смеса во тавата, а на врвот распоредете го исечканиот домат и младиот кромид. Поклопете ја тавата и оставете тоа да се пече околу пет минути додека смесата од јајца не почне да се стврднува на краевите.

Во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови ставете ја фритатата пет минути.

Младиот кромид исечкајте го, распоредете го низ целата фритата. Исечете ја на триаголници, па уживајте во јадењето.

извор:точка.ком.мк

To top