Откако Кристијано Роналдо објави дека починал еден од неговите близнаци кои ги очекуваше со девојката Џорџина Родригез, на оваа тажна вест реагираше и неговата сестра Катја Авеиро.
Катја објави колаж од фотографии на кои Роналдо и Џорџина позираат со нејзините деца.
„Ве сакам и моето срце е со вас. Бог нека се погрижи за сè и нека го зајакне вашиот пат. Нашиот ангел веќе е во крилото на таткото, а нашето девојче, силно, црвсто и полно со здравје ќе нè научи дека само љубовта е важна“, порача емотивната Катја.
Многу други познати личности како и колеги на Роналдо упатиле пораки со поддршка до него и Џорџина.
View this post on Instagram
„Твојата болка е и наша болка. Испраќаме љубов и сила до тебе и твоето семејство во овој момент, Кристијано“, порачале од Манчестер Јунајтед.
За потсетување, Роналдо и Џорџина во заедничка порака објавија дека момчето починало, а дека девојчето е живо и здраво.
„Со најголема тага известуваме дека нашиот син почина. Ова е најголемата болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче нè исполнува со надеж и радост. Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна стручна помош и грижа. Сите сме скршени од тага и замолуваме за приватност во овој тежок момент“, напишаа на Инстаграм.
Инаку, Роналдо (36) веќе е татко на четири деца, од кои три му ги родиле две сурогат мајки.