Најново истражување покажа дека кафето се поврзува и со нашата личност. Така, оние кои пијат кафе со шеќер обично се љубезни и фини, но ако некој во ваша близина пие чисто црно кафе, можеби треба да се загрижите.
Истражувачи од Универзитетот Инсбрук во Австрија освен што го проучувале кафето, тие се фокусирале на горчливиот вкус, анализирале дали одредени вкусови можат да бидат показател на антисоцијални особини или не.
Недостиг на емпатија
Учесниците во студијата оценувале колку уживаат во храната и пијалаците на основа на одредени вкусови, меѓу кои и горчливиот вкус. Резултатите потоа биле споредени со тестови за личноста кои покриваат специфични особини, како што се агресија и манипулација. Така е потврдена хипотезата дека горчливиот вкус се поврзува со злонамерни особини како недостиг на емпатија и рамнодушност.
Тоа значи дека луѓето кои уживаат во горчливи вкусови се оние кои се најверојатно психопати, додека луѓето кои пијат кафе со шеќер или млеко најверојатно ќе покажат позитивни карактеристики како и сочувство, љубезност и кооперативност.
Сепак, треба оваа студија да ја земеме со резерва бидејќи сите податоци се добиени преку самоизвествуање, а таквите видови студии се несигурни.
извор: kajgana.com