Живот и Стил илузија која ќе ве збуни

Дали имате машки или женски мозок? Погледнете ја оваа оптичка илузија и откријте која е вашата силна страна

Дали имате машки или женски мозок? Погледнете ја оваа оптичка илузија и откријте која е вашата силна страна

Научниците веќе со децении ги истражуваат разликите помеѓу машкиот и женскиот мозок, во обид да се изборат со бројните стереотипи и да покажат дека биологијата и уверувањата на луѓето не се секогаш согласни.

Многумина од нив сметаат дека е потполно непотребно мозокот воопшто да се дели на машка и женска страна, но околу тоа не се согласуваат сите.

Доколку вие верувате дека постојат разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок, а притоа обожувате оптички илузии, го имаме вистинското нешто за вас. Станува збор за една илустрација на човек како трча, а прашањето кое ја поставува истата е – дали човекот се оддалечува од вас или се приближува односно трча кон вас?

Доколку мислите дека се приближува

Тоа значи дека имате мозок кој може да се опише како машки, односно мозок кој користи аналитички вештини за решавање на проблемите. Кога нешто ве интересира, многу брзо и лесно се запознавате со таа тема и не ви е тешко да ја насочите сета своја енергија кон тоа.

Она што не е баш вашата силна страна е балансирањето на повеќе работи и задачи одеднаш, бидејќи не сте добри во мултитаскинг и полесно ви е да се фокусирате на една работа. Кога ќе добиете некоја идеја или ќе пронајдете нешто за кое сте страсни и посветени, ќе ги браните вашите тврдења со факти бидејќи сте сигурни во своето истражување и способност да се концентрирате на детали.

Доколку мислите дека се оддалечува

Ова значи дека вашето расудување и анализа се секогаш поставени на максимум. Се потпирате на вашите сетила и никогаш не брзате кога донесувате одлуки. Вашиот мозок најдобро функционира кога правите нешто креативно или кога создавате нешто сами од нула.

Добри сте во мултитаскинг и имате одлична меморија, а секогаш можете да сметате на интуицијата и на сите ваши сетила. Тоа значи дека мора да почувствувате многу работи, дури и од далечина, пред сериозно да им се посветите и важно ви е мозокот да ви биде преокупиран за да можете секогаш да сметате на него.

To top