Во „Ѕвездите на Гранд“ не му тргна најдобро и беше елиминиран, но затоа „Пинк ѕвезди“ на Адам Лабунски му будат убави сеќавања.
Во 2016 година тој беше еден од фаворитите во ова регионално музичко шоу, а тогаш во жирито беше Цеца Ражнатовиќ.
Тогаш таа неколкупати коментираше дека тој е еден од нејзините омилени натпреварувачи и дека изгледа светски.
View this post on Instagram
Тие убави моменти од пред неколку години, Адам не ги заборава, па дури сака да ги потсети и своите следбеници на Инстаграм.
Па така, тој објави ретро фотографија каде со Цеца се зад сцената и позираат залепени еден до друг со широки насмевки на лицето.
Натпреварувањата во музичките шоуа останаа зад Адам, а тој остана на настапите се до некое следно шоу ако се уште му останале аспирации за таков тип на натпреварување.
Во меѓувреме тој се ожени, а во 2020 година ја запроси својата сакана на Босфорот.
фото:инстаграм/адам лабунски