Кога станува збор за здравјето и убавината, постои нешто што често се повторува, а тоа е хидратацијата.
„Пијте повеќе вода“ е советот кој најчесто го слушате и кој се препорачува како лек за сè.
Доколку се чувствувате дехидрирано, мора да пиете повеќе вода, доколку имате главоболка, пијте повеќе вода, доколку кожата ви изгледа суво, пијте повеќе вода. Меѓутоа, сепак треба да обрнете внимание кога и колку вода внесувате во организмот.
Нутриционистите и докторите најчесто препорачуваат секој ден да пиеме по осум чаши вода, но некои експерти велат дека количината вода која ја внесуваме во нашиот организам зависи од личност до личност.
Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Истовремено таа обезбедува внесување есенцијални материи, како што се калциум, магнезиум и флуор.
Помага да се исфрлат токсините од виталните органи, а исто така ги пренесува и хранливите материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура и притисокот.
Кога не треба да пиете премногу вода?
Постојат ситуации кога всушност не треба да пиете премногу вода, односно кога нејзиното внесување треба да го сведете на минимум.
Нефрологот Вадим Цветков открива во кои ситуации големата количина течности би навела штета на организмот.
Експертот препорачува пред сè да обрнете внимание на бојата на вашата урина. Доколку таа е светложолта и може да се опише како „проѕирна“, тогаш тоа укажува на доволно внесени течности во вашето тело. Т.е. значи дека не мора да претерувате со внесување на повеќе од осум чаши вода во организмот.
Секако, ситуацијата во која не се препорачува претерување со пиење вода е и кога сте внеле доволно други течности во организмот – чаеви, сокови и слично. Како и кај дехидратацијата, вишокот влага во клетките ќе доведе до дисбаланс на електролитите.
Нефрологот укажал и на грешката која многу од нас ја прават, а тоа е пијат вода веднаш откако ќе се најадат. Во овој случај доаѓа до чувство на тежина во стомакот. Ефектот на забрзување на метаболизмот кој се врзува со внесувањето вода, овојпат ќе исозтане и ќе предизвика поголеми тегоби.
Уште една грешка која ја прават сите оние коишто се физички активни е тоа што консумираат течност додека вежбаат.
Доктор Цветков вели дека во текот на интензивните тренинзи не треба да се пие многу вода. Поради тоа што телото губи важни соли и елементи, секако подобро е да консумирате специјални пијалаци за спортисти и да ги надополните нутриентите коишто сте ги изгубиле во текот на вежбањето.
извор:точка.ком.мк