Нема да забележите дека во овој ручек нема месо, а најважно е што е богато и вкусно јадење.
Состојки:
пакување шпагети
1 конзерва (400 g) домати излупени домати
маслиново масло
2 чешниња лук
оригано, сол, бибер
пармезан
Подготовка:
На маслиново масло пропржете сечкан лук, потоа додадете го ориганото, доматите, сол и бибер и оставете 15 минути да се динста.
Кога ќе се сварат шпагетите, процедете ги и потоа додадете го сосот. Сето тоа заедно се динста уште пет минути и задолжително пробајте го сосот. Додадете зачини по вкус. Ако сакате, можете да го посипете со малку пармезан.
извор:попара.мк