Фолк пејачката Татијана Стефановска и нејзиниот сопруг Митко во месец јуни се остварија во улогата на родители и ја добија Ана.
Нивната наследничка денес е потпораснато бебенце кое наполни девет месеци, а гордата мама ја покажа на својот профил на Фејсбук.
Дотерана и преслатка малечката е секојдневната радост на мама, тато и останатите членови на семејството.
Татијана пак, уште од првите месеци по породувањето им се врати на настапите, а во една прилика изјави дека најголемата помош и се сопругот, свекорот и свекрвата кои и помагаат во одгледувањто на наследничката.
-Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство.
Инаку, целата бременост пејачката ја чуваше во тајност, па освен за блиските доаѓањето на бебето беше изненадување.
фото:фејсбук/татијана стефановска