Новиот извештај за тоа како скриените воспаленија ѝ штетат на имунолошката реакција на организмот покажува дека витаминот Ц во сокот од портокал може да игра заштитна и терапевтска улога кога станува збор за нашето здравје.
Експертите сметаат дека не треба да внесувате повеќе од 150 милилитри овошен сок дневно, но станува збор за точна количина која би требало да помогне во сузбивање на воспалителните процеси.
Утврдено е дека клучните хранливи материи кои се наоѓаат во сокот од портокал го штитат имунолошкиот систем како и од 7 заболувања: артритис, лупус, болест на цревата, астма, срцеви болести, ревматоиден артритис и дијабетес тип 1.
„Витаминот Ц влијае на воспаленијата регулирајќи го производството на цитокин, а знаеме дека зголемената количина на цитокин може да ги разори воспалителните извори. Витаминот Ц исто така помага во зголемување на нивото на антитела, поттикнувајќи го растот на Т и Б-лимфоцити, видови бели крвни зрнца кои го поттикнуваат и насочуваат нашиот имунолошки одговор“, објаснува Филип Калдер, коавтор на извештајот и професор по нутриционистичка имунологија на Универзитетот Саутхемптон.
Витаминот Ц се наоѓа и во други намирници како пиперка, агруми, па дури и во белиот компир. Исто така, можете да земате и додатоци во исхраната ако сметате дека не го внесувате доволно преку храната.
На лицата на возраст од 19 до 64 години им е потребно 40 милиграми витамин Ц дневно.
Една од главните причини зошто сокот од портокал е толку корисен се флавоноидите. Станува збор за група полифеноли кои помагаат во намалување на воспалителните процеси, а можат да го подобрат и здравјето на цревата.
извор:точка.ком.мк