Живот и Стил

Рецепт за печурки со три вида сирење

Рецепт за печурки со три вида сирење

Полнетите печурки се одлична идеја за предјадење или ужина, а најдобро од сè е што се приготвуваат за кратко време. Можете да ги комбинирате со шунка, лебни трошки и зеленчук, а доколку сте љубител на сирење, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој рецепт со три вида сирење.

Покрај крем сирењето, за овој рецепт ќе ви бидат потребни пармезан и топено сирење или чедар. За уште побогат вкус, можете да додадете ситно сечени печени пиперки, сушени домати или пржена сланина.

Потребни состојки:
600 грама поголеми печурки
220 грама крем сирење
150 грама чедар сирење
35 грама пармезан
35 грама печени црвени пиперки
30 грама кромид
1 чешне лук
сол и црн пипер
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Исчистете ги печурките и исечете им ги стеблата. Во сад измешајте ги крем сирењето, ренданиот чедар, црвената пиперка исечена на коцки, ситно исечканиот кромид и лукот. Додадете ¼ лажичка сол и ¼ лажичка мелен црн пипер. Добро промешајте.

2. Наполнете ги печурките со филот и врз секоја од нив додајте пармезан. Ставете ги печурките во сад обложен со хартија за печење. Печете 30-35 минути, а потоа послужете ги додека се топли. На здравје!

извор: punkufer.dnevnik.hr

To top