Радио Милева Ова мора да е љубов...

Сузана Гавазова со емотивна посвета јавно му го честиташе роденденот на човекот на нејзиниот живот: „Јас сум најсреќната сопруга на светот“! (ФОТО)

Сузана Гавазова со емотивна посвета јавно му го честиташе роденденот на човекот на нејзиниот живот: „Јас сум најсреќната сопруга на светот“! (ФОТО)

Естрадната професија навидум изгледа лесна, и забавна, а во суштина зад насмеаните и ведри лица на распеаните уметници се кријата различни животни приказни, разно-разни судбини не секогаш со среќен крај. Природата на естрадната професија не само што нималку не е лесна заради икс околности, туку начинот на живоот на естрадните ѕвезди, особено дамите, носи безброј ризици, кои неретко се одразуваат и на нивната приватност.

Токму заради тоа, многу од естрадните пејачки имаат зад себе и еден или неколку пропаднати бракови, несреден приватен живот, исполнет со љубомора, сцени, расправии, несогласувања, па дури и случаи на семејно насилство… да се опстане во љубовна врска или хармоничен брак со естрадна пејачка многумина велат дека е „научна фантастика“ или поточно – „невозможна мисија“!

Но дека она што за многумина е „невозможно“ за македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова очигледно е секојдневна реалност, зашто атрактивната струмичанка и покрај сите ризици и предизвици на естрадната професија, живее во брачна чудесија! Во складен и хармоничен брак со својот сопруг Јасмин, кому до душа „од втора мајка“ среќата му се насмеала, но евидентно е дека „секирата му паднала во мед“ и нему, ама и очигледно и на пејачката.

Да не е така, не би биле изразите на љубов толку големи и во форма на емоции и во вид на подароци за сите позначајни датуми и тоа од обете страни.

Роденден е денот што го чекаме цела година – велат децата, а возрасните можеби и не му се радуваат толку иако…

Какви се времињата во кои живееме, евидентно е дека сите им се радуваме на родендените, без оглед на возраста и годините кои ги полниме! Покрај она нематеријалното што Гавазова (ќе) му го дарува на својот сакан Јасмин и подарокот што му го купила или подготвила, пејачката својата љубов јавно му ја искажала со роденденска честитка на  сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

„На овој прекрасен прв ден од пролетта е роден мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личност која секогаш стоеше со мене до крај и никогаш не се сомневаше во ниту една одлука. Човек со храброст, човек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник. Јас сум најсреќната сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден, да си жив и здрав, Јасмин Курузовиќ“ – јавно му порача од срце и душа во искрената честитка Сузана на својот сакан!

И после некој нека каже, дека ова е не е љубов?

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova

To top