Недостатокот на железо и лошата крвна слика се сè почести меѓу луѓето, а истите можат да предизвикаат и други проблеми.
Од анемија пати речиси 10 отсто од целокупната популација. Постојат две најчести причини за оваа состојба:
– намалување на произведување на црвените крвни зрнца
– зголемена загуба и уништување на црвените крвни зрнца
Уморот и слабоста се речиси редовни симптоми за недостаток на железо. Покрај тоа останатите симптоми можат да бидат и бледа кожа, проблеми со работата на срцето, главоболки, вртоглавици итн.
Напитоци кои можат да ви помогнат во такви состојби:
1. Чај од коприва
Копривата е исклучително лековита билка која содржи железо, голема количина фосфор, манган, калиум, магнезиум, калциум, но и витамини А, Ц, Е и витамини од групата Б. Се тврди дека копривата е најлековита кога се бере во текот на пролетта. Една лажица сува коприва прелијте ја со врела вода и оставете да отстои неколку минути. Потоа процедете, па пијте го чајот.
2. Сок од капини
Една чаша сок од капини содржи околу 700 микрограми калиум кој е одличен за цел кардиоваскуларен систем. Освен калиум, ова овошје изобилува со витамини од Б групата (особено Б9), фолати, Ц витамин, натриум – сите овие состојки заедно можат да ви помогнат да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите крвната слика.
3. Сок од цвекло
Цвеклото речиси е најделотворно кога станува збор за решавање на проблемите со анемијата. Студија спроведена во Германија дошла до заклучок дека редовното консумирање на оваа намирница може да ги реши проблемите со железото речиси за цел живот.
Цвеклото изобилува со железо, а освен тоа одлично е и за крвниот притисок. Ставете 3 цвекла, 3 јаболка, 3 моркови, мед и 2 лимони – па направете си смути за доброто на целиот организам.
извор:точка.ком.мк