Во месец јануари поп- пејачот Александар Белов и неговата сопруга Јелена за првпат се остварија во улогата на родители и ја добија ќеркичката Мина.
Времето си лета, децата си растат, а бебенцето на Белов веќе наполни два месеци. Како што практикуваат повеќето родители, така и Александар и Јелена ја фотографираа Мина со симболичната бројка два, означувајќи ја возраста на нивната наследничка.
Родителите не го покажаа ликот на бебенцето, туку беше свртено со грб, а фотографијата е неодоливо слатка.
“Најмалите стапала оставаат најголеми отпечатоци во нашите срца” – напиша гордиот татко во описот.
За потсетување, Александар Белов во септември 2019 година заплови во брачните води со неговата избраничка Јелена Станковиќ, а бременоста ја чуваа во тајност.