Состојки за посни плескавици од компири:
500 гр компири
5 лажици брашно
100 гр парчиња соја
две лажици доматно пире
презла
масло
сол
бибер
Посните плескавици од компири се подготвуваат на следниов начин:
Компирите се лупат и се варат во солена вода (внимавајте да не се преварат). Исцедете ги и оставете да се изладат.
Истурете млака вода во парчињата соја и оставете ја да набабри, па добро исцедете ја.
Компирите убаво истискајте ги со месење, да се добие еднолична маса. Додадете брашно, доматно пире и соја, па добро измешајте и зачинете по вкус.
Од добиената смеса формирајте подебели плескавици, па секоја убаво извалкајте ја во презла и истапкајте со прстите. Се пржат на врело масло и се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотии. Послужете топло.
извор:попара.мк