Една сеопфатна студија покажува дека членовите на посилниот пол со висок коефициент на интелигенција се со поголема веројатност да стапат во брак во иднина. Независно од тоа за каков вид на интелигенција се работи.
Лоша вест за вечно неженетите – одлуката за влез во брак е поврзана со интелигенцијата, а паметните мажи се склони кон ветувањето за вечна љубов од оние со понизок коефицент на интелигенција. Барем така тврдат финските и американските научници кои сакаа да дознаат како интелигенцијата на еден човек влијае врз тоа дали ќе се ожени и на колку години ќе се ожени.
Обемната студија во која се истражувани приходот, социјалниот статус и интелигенцијата, на дури 190.000 мажи, покажа дека оние од посилниот пол со висок коефициент на интелигенција се со поголема веројатност да се оженат во иднина. Независно од тоа за каков вид на интелигенција се работи. Испитувани е три вида и тоа: логичката, кое се занимава со решавање и разбирање на комплексни проблеми, нумеричката, што подразбира математички пристап кон решавање на проблемите, и вербалната, со акцент на зборовите. Испитаниците со високо ниво на вербална интелигенција имаат највисоки шанси да застанат на лудиот камен.
Колку повеќе е интелигенцијата кај мажите тие имаат повеќе шанси да останат во брак и четири години по свадбата, без оглед на видот на интелигенцијата. Еден фактор, сепак, е поважен од интелигенцијата, а тоа се парите. Значи, богатите се повеќе склони да се оженат отколку паметните мажи.