Најголемата регионална поп ѕвезда на сите времиња на овие простори, Здравко Чолиќ денеска по повод 8-ми март објави нова песна. Тој пред неколку дена најави дека ова е подарок за неговите обоважатели во кои доминираат жените.
Песната носи наслов „100 дуката“, музиката е дело на Саша Матиќ, текстот е на Милош Смиљаниќ а аранжманот е на Никша Братош.
Во моментов се снима спот, така што наскоро оваа нумера ќе биде комплетна.
До тогаш уживајте во „Сто дуката“ !