Радио Милева честитки

Сузана Турунџиева со емотивна порака до ќерката Лора: „Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22 роденден“ (фото)

Сузана Турунџиева со емотивна порака до ќерката Лора: „Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22 роденден“ (фото)

Македонската водителка, пејачка, писателка Сузана Турунџиева имаше убав повод за славење и радување.

Имено, нејзината постара ќерка Лора прослави роденден, а токму по тој повод Турунџиева и се обрати преку социјалните мрежи.

Таа објави фотографија на која позира заедно со семејството односно ќерките Лора и Матеа, зетот Филип, внукот, а во описот и се обрати со емотивна порака.

-Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22 роденден. Да ти се множат среќни и исполнети со љубов години мила моја ќерко, напиша таа до семејната фотографија.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините фејсбук пријатели.

Инаку, Лора не е активна на социјалните мрежи, па речиси многу ретко објавува фотографии од приватниот живот.

Лора во 2018 година заплови во брачните води  заедно со нејзиниот партнер Филип Наунов, а свадбената церемонија ја направија во кругот на семејеството и блиските пријатели.

Среќен роденден!

фото: фејсбук/ suzana turundzieva

To top