Актерот Васил Зафирчев или кој публиката го познава како готвачот Марио од серијата „Преспав“ деновиве имаше убав повод за славење.
Имено, Васил славеше роденден, па на неговиот профил пристигнаа честитки од неговите пријатели, следбеници. Актерот се огласи на својот „Фејсбук“ и без комплекси откри колку години наполни.
Тој објави фотографија од роденденските свеќички со бројката од годините.
-42 роденден. Од тортата вчера останаа само броевите. Една четворка, сосем обична. И една двојка која ѝ пркоси по својата големина, па затоа треба да стои пред, а не зад неа.Впрочем, за животот и неговата суштина, годините навистина се само бројка. Единствено важна е полнотијата со која го живееме, внатрешното чувство на исполнетост и хармонија и односот кој го имаме кон себеси. Сѐ друго е само перцепција. Најчесто погрешна.Драги пријатели, ви благодарам за убавите мисли и чувства кои ги споделивте со мене. И ви посакувам да се грижите единствено и само за суштината на вашиот живот, да ги негувате и остварувате вашите страсти, желби и замисли, да ги чувате мирот и хармонијата во вас и да сте секогаш исполнети со она што го имате сега, а ве прави среќни, напиша тој во описот на фотографијата.
Под објавата се нижеа честитки, а меѓу нив од Игор Џамбазов кој напиша Снашке…до 101 и назад…,
Велков Снеже – И фала ти што овие години со твоето постоење ни дозволуваш да уживаме во твојата актерска уметност. Среќен нека е…
Инаку, Васил имавме прилика да го гледаме во улогата на готвачот Марио во серијата „Преспав“.
Среќен роденден!
фото: инстаграм/vasilzafirchev