Овој рецепт е идеален доколку немате многу време или ако сте почетник. А вкусот е фантастичен!
Состојки:
- 200 гр кокос
- 100 гр млеко во прав
- 100гр шеќер во прав
- 150 мл слатка павлака
- 150 гр темно чоколадо
- лажица масло
Подготовка:
Соединете ги сите состојки од списокот, освен темното чоколадо и оставете ги во фрижидер половина час. Растопете го темното чоколадо на пареа.
Извадете ја смесата од фрижидер и рачно обликувајте ја во чоколади. Потоа прелијте ги со растопено чоколадо.
извор: попара.мк