Радио Милева за малку ќе ги стопеше...

На водителката и „изгореа“ силиконите: Катарина Колозеус, атрактивната сопруга на пејачот Љуба Перуќица остана со „испржена“ предница (ВИДЕО)

На водителката и „изгореа“ силиконите: Катарина Колозеус, атрактивната сопруга на пејачот Љуба Перуќица остана со „испржена“ предница (ВИДЕО)

Водителката Катарина Колозеус и нејзиниот сопруг, пејачот Љубо Перуќица заминаа на одмор, па таа се пофали со фотографии од егзотична дестинација.

Сопругата на пејачот откри и каква несреќа и се случила за време на летниот одмор во зимските месеци.

Имено, таа одблиску ги снимила силиконските гради и ги покажала плускавците кои и останале кога се заборавила на жешкото сонце, па ги изгорела силиконите на плажата.

„Една без филтри за да ги види последиците од плускавците“ – напиша таа на Инстаграм, а многумина загледани во бујните силиконски гради не ги ни забележааа плускавците на водителката, туку само го коментираа нејзиниот атрактивен изглед.

Катарина објасни зошто сега среде зима заминале на летна дестинација, као и тоа  колку и значи поддршката на Љуба во секое време:

„Набргу по нашата венчавка дојде короната и не можевме да одиме на меден месец што го планиравме, зашто и нашето семејство имаше многу проблеми со Ковид -19, имавме големи загуби и премногу сакани и блиски луѓе изгубивме. Но,  колку и да е тоа тешко, мислам дека сето тоа не зацврсти како брачна двојка и дополнително не поврза бидејќи бевме еден до друг во секој можен момент“ – раскажала атрактивната сопруга на пејачот Љуба Перуќица, која остана со „испржена“ предница на жешкото сонце .

To top