Воспалението на белите дробови е најчест здравствен проблем кој доаѓа со коронавирусот.
Белите дробови и црниот дроб заслужуваат посебно внимание бидејќи се најголеми чистачи на телото. Помеѓу бројните функции на црниот дроб е дека ја прочистува крвта, а белите дробови внесуваат кислород, притоа филтрирајќи ги токсините од воздухот и понатаму, го исфрлаат штетниот јаглерод диоксид од организмот.
Со одржување на здравјето на црниот дроб и белите дробови, клетките и ткивата во нашето тело се задоволуваат со здрава крв која е богата со кислород.
За квалитетната работа и добрата функција на белите дробови и црниот дроб е исклучително важна и храната која ја консумирате.
Во продолжение, ви претставуваме неколку намирници кои ќе придонесат за целосна детоксикација на овие органи.
Зелен лиснат зеленчук
Овој вид зеленчук е пред сè познат по изобилството од витамини како витамин А, Ц, К и фолна киселина.
Витаминот А е неопходен за здравјето на вашата кожа и очи, витаминот Ц е еден од најсилните антиоксиданти досега, а витаминот К е неопходен за згрутчување на крвта. Фолната киселина е еден од витамините Б и една од нејзините најважни улоги е обновување на крвните елементи.
Спанаќот, зелената салата, зелката, младиот кромид, кељот и коријандерот се најдобриот избор на лиснат зеленчук за чистење на организмот. Можете да ги јадете сирови, бланширани или во форма на смути.
Благодарение на содржината на калиум и магнезиум, овој зеленчук го подобрува здравјето на белите дробови, а бидејќи зелениот лиснат зеленчук изобилува и со хлорофил, тој помага во чистење на организмот од тешки метали.
Јаболкo
Ова овошје е богато со пектин, витамини и флавоноиди кои во голема мера придонесуваат за чистење на црниот дроб. Флавоноидите и антиоксидантите го чуваат здравјето на белите дробови и целиот респираторен систем.
Редовното консумирање јаболка секој ден, после појадок и после ручек ќе ги реши проблемите со гихт, ревматизам, артритис, проблеми и болести на црниот дроб и бубрезите, опструкција на крвните садови, а воедно ја прочистува крвта и ги елиминира маснотиите.
Јадењето јаболка позитивно влијае на нервниот систем како и на забрзување на метаболизмот и губење на вишокот килограми.
извор: точка.мк