Босанскиот пејач Ал Дино со својот глас и прекрасните балади „Коприва“ и „И сега ме знаат по тебе“ е еден од ретките кој со првите тактови на своите песни може да ви ги насолзи очите.
Повлечен и ненаметлив, босанскиот кантавтор пред неколку години ја шокираше јавноста со признанието дека морал да се разведе поради физичкото и психичкото насилство кое го трпел од сопругата Ардуана Прибиња-Куриќ.
„Таа ноќ нормално ги донесов синовите кај Ардуана. Нашите инаку, веќе лоши односи дополнително ескалираа бидејќи Харун не сакаше да оди кај мајка му. Потоа следеше остар вербален конфликт меѓу нас двајцата, кој набрзо прерасна во физичка пресметка. Ардуана ме кубеше за коса и ме удри, буквално можам да го искористам описот што го прочитав во една статија за нас: „Ме лупаше како вол во зелка“ – изјави тогаш Ал Дино, додавајќи дека најтешко му било што нивните синови, гледајќи го сето тоа, врескале во солзи, обидувајќи се да ги смират своите родители.
„Не сум воспитан ни да помислам физички да нападнам жена, па затоа во ниту еден момент не се бранев“ – признал пејачот за „Блиц“.
Разводот уследил по двегодишното провлекување по судовите. Сопругата ги добила децата, а Ал Дино добил пресуда да ја плаќа алиментацијата.
Дека животот од корен го променил, може да се забележи по новите фотографии на кои во споредба со оние постарите, пејачот изгледа постар, оседен, подоќелавен…!
Фото: Инстагра принтскрин/aldinoofficial