Пејачката Тијана Дапчевиќ постојано живее на адреса Скопје – Белград, како поради професионални така и поради приватни причини.
Така, до неодамна беше во Скопје каде се снимаше серијата „Преспав“, а таа ја има улогата на Германката Ула, а сега пејачката се подготвува за учество на Беовизија.
Кога е во Србија, Тијана ужива во семејната хармонија со сопругот Милан и синот Вук. Иако е активна на социјалните мрежи, таа ретко споделува приватни фотографии.
Многу ретко, па дури и никогаш не споделува фотографии од Милан, но некогаш знае да направи исклучок.
Така беше и овој пат, кога македонската пејачка на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај двата најважни мажи во нејзиниот живот, синот и сопругот.
Тијана заедно со Милан и Вук ужива во зимските денови на Копаоник. Пејачката со кармин на усните и насмеана направи селфи со Вук и Милан, а нема сомнеж дека ужива во нивно друштво во зимските денови.
Веруваме дека пејачката во најдобро друштво ги наполнила батериите и е подготвена за нови ангажмани.
Инаку, Тијана ќе учествува на Беовизија 2022 година со песната „Љуби љуби довека“ со која ќе се натпреварува да ја претставува Србија на Евровизија во Италија.
фото: инстаграм/tijana.dapcevic/душан петровиќ