Радио Милева наскоро нов член

Андрија Милошевиќ и Александра наскоро ќе станат родители, а сега го открија и полот на бебето

Андрија Милошевиќ и Александра наскоро ќе станат родители, а сега го открија и полот на бебето

Актерите Александра Сандра Томиќ и Андрија Милошевиќ наскоро ќе станат родители за првпат.

Во интервју за стори.рс тие открија дека очекуваат син за кој го одбраа името Реља.

-Не го криевме полот на бебето, само немавме желба да ја известиме јавноста за сите детали. Очекуваме син, Реља. Името му го даде мојот најдобар другар, Стеван, со кој учев во прво одделние уште во 1990 година и ден – денес сме неразделни, па затоа името кое го одбра ми е уште поубаво, вели Александра за стори.рс

Актерот вели дека сака да има две деца.

-Би сакал да имам ќерка и син. Се радувам на новиот живот, тоа е нешто најсветло под ова небо. Да имате чувство на потполна исполнетост е она за кое копнее секој човек. Имам впечаток како пред зората да се раѓа сонце, па ќе си помислам – Господе, колку е убаво, вели актерот.

Во една прилика, тој откри дека е подготвен да стане татко.

-Апсолутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Животот ве носи на разни страни и патишта, а потоа ќе дојдете до еден момент кога ќе помислите на тоа. Всушност, треба да живеете без калкулации. Не може ништо да калкуирате, посебно не деца, изјави Милошевиќ.

фото: инстаграм/andrijamilosevic_official

To top