Живот и Стил

Најубавите пролетни дестинации

Најубавите пролетни дестинации

Пролет е годишно време кога природата повторно се раѓа, а луѓето се подготвуваат за лето. Магијата на пролетта менува многу места и во состојба е да ги препороди дури и најстудените и најбеживотните пејзажи.

Ви претставуваме девет дестинации на планетата кои во овој период од годината се посебно убави.

1. Тоскана

Тоскана се смета за родното место на италијанската Ренесанса и е преполна со културна содржина. Во светот е позната и по извонредната храна, пејзажите и луѓето. Дом е на Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео и Ботичели и има многу врвни музеи.

2. Национален парк Rocky Mountain

Овој национален парк во Америка има 150 езера и повеќе од 60 врвови повисоки од 3.700 метри. Големата надморска височина значи дека пролетта пристигнува малку подоцна отколку во остатокот од Америка, па најдобро е да го посетите во средината на мај.

И тогаш ќе ви биде потребна топла облека, но ќе уживате во фантастичните пејзажи и неверојатните диви цвеќиња.

3. Париз

Како може статија за преубави места во пролет да не го содржи Париз во листата? Француската престолнина позната и како “градот на љубовта” има бескрајни паркови, дрвореди и градини кои ве мамат.

Температурите знаат да бидат прилично ниски во април, па понесете си јакна. Доколку се најдете во пролет во Париз, посетете го Jardin du Luxembourg, парк од 250 илјади квадратни метри во кој се наоѓа величествената Палата Луксембург.

4. Финска

Ако размислувате за патување во Финска, вреди да се знае дека треба да го избегнувате нејзиниот северен дел – Лапонија, каде сонцео не изгрева цела зима, а цело лето не заоѓа. Југот на Финска е многу потопол, а природата е преубава.

Финска има 187.888 езера, а со шума е прекриено 86% од земјата. Морате топло да се облечете, бидејќи дури и на југот во мај температурата не преминува повеќе од 10 степени.

5. Амстердам

Амстердам е едно од местат каде слободно можете да носите џемпер во текот на пролетната посета. Во споредба со летото, цените се многу пониски. Времето во мај е преубаво, а воздухот исклучително чист поради густото градско зеленило и многубројните цвеќиња.

6. Менорка

Менорка е мало островче во Медитеранското море на источниот брег од Шпанија. Го споредуваат со многу познатата Мајорка и е одалечено околу 200 километри од Барселона. Исто така, преубаво е во пролет.

Просечната температура од 21 степен Целзиус значи дека можете да понесете и костуми за капење, бидејќи лесно може да се случи времето да биде погодно за капење.

7. Викторини водопади, Замбија/Зимбабве

Викторините водопади во Африка се сметаат за најголемите во светот и вброени се во Седумте природни светски чуда. Се наоѓаат на границата помеѓу Зимбабве и Замбија и претставуваат пад на реката Замбези.

Одлично место се за пролетно патување. Дождовната сезона завршува во април, а во наредните шест недели, како што расте нивото на водата, водопадите едноставно “подивуваат”. Грмежите од водата е нешто што секој треба да го слушне, но водопадите можете да ги видите и од хелихоптер по цена од 120 долари.

8. Пиринеи

Планинскиот венец Пиринеи се наоѓа на границата помеѓу Франција и Шпанија и представува вистинско чудо на природата. Има мирни планински езера и неверојатни пејзажи.

На пролет Пиринеите се преполни со живот бидејќи ги населуваат мечки, птици грабливки и стотина различни видови цвеќиња. До Пиринеите можете да стигнете преку Франција и преку Шпанија или да го одбрете алтрнативниот пат од малата држава Андора.

9. Јужен остров, Нов Зеланд

Јужниот Остров на Нов Зеланд се наоѓа на јужната хемисфера, што значи дека пролетта трае во септември и ноември. Иако островот за 33% е поголем од остатокот од Нов Зеланд, населен е само од 24% од населението.

Јужниот остров нуди можности за планинарење, кампување, едрење и пливање, а пролетта е идеално време за тоа.

To top