Промотер проверен рецепт...

Фолкерката има нешто „Уникатно“ да ви покаже: Носи ли Сања – Барбика во новиот спот долна облека? (ВИДЕО)

Фолкерката има нешто „Уникатно“ да ви покаже: Носи ли Сања – Барбика во новиот спот долна облека? (ВИДЕО)

Струмичка фолк пејачка Сања Цинцева попозната како Сања – Барбика има нова песна и видео.

Атрактивна, сексапилна, доволно разголена да ги обори на колена или барем остави со подзината уста и падната вилица сите оние на кои струмичката убавица има нешто „Уникатно“ да им покаже, нешто што со зборови тешко може да се опише.

Правилото златно, вметнато и во „Уникатно“. Раскошната  става и бујните телесни атрибути во прв план, или она што и е најголем адут покрај испената песна, за што и самата Барби била свесна, па на најдобар можен начин го применила проверениот рецеп и во најновиот видео-концепт.

А, песната со жесток ритам на кој Сања игра, меша, се крши толку провокативно, што дефинитивно ги буди сите сетила, разгорува страста и бранува машките мечти.

А како и не би, кога расната струмичанка покрај сето тоа во видеото е толку предизвикувачки облечена, што раскошниот телесен потенцијал што Бог и го дал, во секој следен кадар доаѓа до израз, терајќи го умот да скита и да се прашува: „Дали  Сања – Барбика во новиот спот носи долна облека?“

Градникот сигурно повеќе би и пречел отколку што би и користел, па затоа не ни имало потреба од него.

По што следува и прашањето, на кое одговорот ниту од виденото не може баш да се предвиди точно и прецизно, математички: „Дали на ваков фустан, не одат и гаќички?“

Затоа убаво прегледајте го видеото и тоа повеќекратно, за да дознаете дали Сања – Барбика има нова навика, да биде (с)облечена „Уникатно?“

To top