Радио Милева најубав подарок

„Јас го добив животниот подарок“: Александар Белов прослави роденден и по тој повод ја објави првата фотографија со ќеркичката Мина (фото)

„Јас го добив животниот подарок“: Александар Белов прослави роденден и по тој повод ја објави првата фотографија со ќеркичката Мина (фото)

Македонскиот пејач Александар Белов на Василица (13.01.2022) првпат се реализираше во улогата на татко.

Имено, тој и неговата сопруга Јелена добија ќерка за која го одбраа името Мина. Овие радосни вести Александар тогаш ги обзнани на социјалните мрежи.

-„13.01.2022Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители … @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов!“ – напиша пејачот.

На Василица, пејачот Александар Белов стана татко: „То благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители“ (ФОТО)

Пејачот до денот кога стана татко не откри дека очекува принова, ниту дека неговата сопруга е бремена.

Набргу по породувањето, Александар објави фотографија од неговите раце и на сопругата како ја држат ќеркичката за рака.

Меѓутоа, деновиве Белов имаше убав повод за славење односно неговиот роденден.

Токму поради тој повод, тој на социјалните мрежија објави првата фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред роденската торта на која има го свеќичка со број 35.

-А што би посакал повеќе од ова? Јас го добив животниот подарок, напиша тој покрај фотографијата.

Под објавата се нижеа честитки и убави желби. Среќен роденден.

фото: инстаграм/aleksandarbelov

To top