Кејт Мидлтон се породи на 23 април во болницата „Света Мери“ во центарот на Лондон.
По шпекулациите како ќе се вика бебето, конечно е откриено името на бебето.
Војвотката од Кембриц и принцот Вилијам најмалиот член на семејството го крстија Луис Артур Чарлс.
фото: Тајнунг
Откако во медиумите беше објавено дека Кејт е бремена по третпат, во кладилниците започнаа кладбите за тоа како ќе се вика бебето. Најмногу шанси имаа традиционалните имиња, а интересно е што кладилницата„Вилијам Хели“ ги имаше следните прогнози: Артур (5/1), Албер (9/1) и Џек (9/1).
Инаку, Вилијам ќе биде кум на свадбата на неговиот брат, принцот Хари и Меган Маркел.
фото: Вил Оливер