Меките кифлички можат да бидат совршена идеја за вкусен појадок. Лесно се подготвуваат и не бараат значителни кулинарски вештини.
Иако инаку подготвувањето на тестото може да одзема многу време и е мачно, рецептот за брзи кифлички вклучува минимален број состојки, но и време, а вашиот појадок ќе биде готов за само неколку минути.
Исто така, потребни се 15 минути за печење, поради што можете да уживате во вкусен појадок со минимален труд.
Состојки:
– 500 гр меко брашно;
– 1 прашок за пециво;
– 1 лажичка сол;
– 10 мл масло;
– павлака;
– кесичка сув квасец (+ 20 мл топло млеко).
Подготовка:
Кесичката со квасец промешајте ја во 20 мл топло млеко и оставете да отстои неколку минути.
Измешајте ги состојките и замесете тесто, па развлечете го во круг. Исечете го на триаголници, а потоа виткајте во форма на кифлички. Пред печење премачкајте ги со изматено јајце.
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени и печете ги кифличките 15 минути. Јадете со прилог по ваш избор.
На здравје!
извор: кармин.точка.мк