Иако, секако дека се прекрасни и во текот на целата година, сепак овие места своето најдобро лице го покажуваат кога ќе ги покрие снег и мраз.
Природата на овие места е волшебна во текот на целата година и сите годишни времиња, меѓутоа зимата им дава посебна магија.
1. Езеро Тахо, Калифорнија
Прекрасниот пејзаж на езерото Тахо е еден од оние кои зимата ја покажуваат во својот полн потенцијал. Околу него се наоѓаат десеттина ски-центри, а градот исто така има топли извори, видиковци и прекрасен ноќен живот. На езерото Тахо паѓа околу 315 сантиметри снег годишно.
2. Водопади Гулфос, Исланд
Водопадите Гулфос се наоѓаат југозападно од Исланд во кањонот на реката Хвита која го напојува Лангјекидл, вториот по големина глечер на Исланд. Иако е моќен и во лето, овој водопад е поимпресивен во текот на зимата кога делумно е замрзнат кога водата паѓа од висина од 30 метри и добива живописни нијанси на сината и тиркизната боја.
3. Свалбард, Норвешка
Свалбард е едно од најсеверните населени подрачја на светот, што го прави одлична локација за набљудување на северната светлина. Поради својата локација, градот исто така има и поларна ноќ која трае од средината на ноември до крајот на јануари. За тоа време сонцето не излегува, а најсветлото нешто кое може да го видите е јужносиниот самрак. Меѓутоа, недостатокот на сончевата светлина само ја зголемува шансата да воочите аурора бореалис.
4. Езеро Блед, Словенија
Во текот на зимата езерото Блед на северозапад од Словенија станува мирно сино езеро, а во него се огледуваат и снежните Алпи. Глетките се навистина неверојатни и импресивни за туристите.
5. Бајкалско езеро
„Светото море“, како што Бајкалското езеро е наречено од страна на домородските народи е најдлабокото слатководно езеро во светот, секако дека е атракција во било кое годишно време. Но, во текот на зимата тоа замрзнува, па таму може да правите многу работи, како што е и нуркањето во мразот.
извор: точка.мк