Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 1-ви февруари 2022-ра

Дневен хороскоп за вторник, 1-ви февруари 2022-ра

ОВЕН

Немате разбирање за саканата личност, па можни се несогласувања во коишто можете, во афект, да повлечете потази поради коишто подоцна ќе се каете. Обидете се на побезболен начин да ја надвладеете минливата меланхолија, бидејќи таа доаѓа од здодевноста.

БИК

Не сте сосема сигурни што навистина сакате. Можно е мало подобрување на расположението, иако некои проблеми сѐ уште постојата. Сепак, можете да здивнете бидејќи денешниот ден не носи ништо спектакуларно добро, но уште поважно е што нема ниту влошувања.

БЛИЗНАЦИ

Можете да влетата во судири и проблеми со сработниците. Вашата кариера би можела да оди по надолна линија доколку дополнително не се ангажирате и не преземете решавачки потези. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓето од коишто зависите.

РАК

Партнерот очекува конкретен чекор со кој би ја заокружилеи официјализирале врската. Не попуштајте под притисокот доколку не сте сигурни дека тоа е она што го сакате. Дополнителна напнатост оредизвикува финансиската ситуација коајшто денеска значително ќе се компликува.

ЛАВ

Непријатните вести можат целосно да ви ја нарушат концентрацијата. Вашата целосна посветеност на одредена тема може овие денови многу да ве чини, доколку дозволите да ви се протнат важни поединости поврзани со работата што секојдневно ја извршувате.

ДЕВИЦА

Добивате нови задолженија. Имајќи предвид дека станува збор за сфера во којашто не сте се пробале досега, ќе ве придвижи голем предизвик. Ќе си докажете себеси, а и на другите, колку се големи вашите способности. Не залетувајте се, бидејќи не сте безгрешни.

ВАГА

Не се чувствувате најдобро, а работа имате преку главата. Не сте способни да одговорите на сите обврски коишто во текоте на седмицата можат да предизвикаат целосен пад на енергијата и колапс. Прерасподелете ги вашите капацитети и одложето го сѐ што може да сочека поповолен момент.

ШКОРПИЈА
Полни сте со себеси и целосно сте свесни по кој пат треба да се движи вашиот професионален живот. Не двоумете се, прифатете ја секоја понуда во овој момент, дури и доколку на прв поглед не е примамлива. Долгорочно, станува збор за многу исплатлива работа и затоа останете во игра.

СТРЕЛЕЦ

Не сте доволно упорни. Кога ќе наидете на првиот отпор, работите ги прогласувате неважни за да ја прикриете својата ранливост. Пред тоа повторно да го сторите, преиспитајте се себеси за тоа што ви е најважно, сопствената гордост и суетата или, пак, крајната цел од којашто се откажавте.

ЈАРЕЦ

Денот ќе го одбележат непријатности на работното место. Негативната енергија коај долго се акумулирала ја прелева чашата и се ближи крајот на вашето трпение. Мал повод ќе биде доволен целата збрка да ја расчистите со потег кој за многумина околу вас нема да биде разбирлив.

ВОДОЛИЈА

Тежнеете кон слободата, меѓутоа подобро е да се воздржите, бидејќи периодот не е поволен за бунтување. Дисицплинирано и навреме извршувајте ги сите работни задачи, единствено на тој начин ќе ги избегнете тензичните аспекти коишто може да ви ја комплицираат финансиската состојба.

РИБИ

Расположени сте за работа, полни сте со енергија и елан. Сепак, од друга страна, вашиот имунитет е во пад. Можеби е добар момент квалитетно да се одморите и попоработите малку на сопственото здравје, во спротивно тежок грип може да ве совлада.

извор: Нептрес

To top