Тамара Тодевска со песната „Proud“ ја претставуваше Македонија на Евровизија 2019 во Израел.
Таа направи историски успех и досега го освои најдобриот пласман, односно го освои 7-то место.
Тодевска е активна на социјалните мрежи, па често знае да ги извести следбениците за нејзините активности, ангажмани, новости, или важните моменти од приватниот живот.
Така беше и овој пат кога пејачката објави видео за кое вели дека секогаш штом одново го види, плаче. Имено, таа сподели видео кога беше на „Евровизија“ и кога дома го остави своето 5-месечно синче Дарен.
„Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“, напишала Тодевска во описот на видеото.
View this post on Instagram
фото: Инстаграм/тамара тодевска