Роденденот е ден кој го славиме еднаш во годината, па овој ден го поминуваме со саканите, пријателите, роднините.. А на овој ден добиваме разновидни подароци и изненадувања.
Денес, роденден слави македонскта пејачка Елена Ристеска. Другарките на пејачката од свеќи ги напишаа нејзините иницијали ЕР и запееја роденденска песна. Елена не очекуваше да добие ваков прекрасен подарок од своите драги личности, па очигледно многу се израдува.
Елена на Инстаграм сподели видео, а на своите пријателки им порача дека ги обожава.
Вакви другарки на сите ви посакувам, ме прават посебно среќна… Ги сакам до Јупитер
фото: принтскрин/инстаграм