Живот и Стил

Во кои држави можете да патувате доколку не сте вакцинирани?

Во кои држави можете да патувате доколку не сте вакцинирани?

Додека многу држави во светот одлучија на странците да им овозможат влез само доколку се целосно вакцинирани, други држави одлучија да ги отворат своите граници за оние кои имаат само негативен ПЦР тест и не бараат да бидете целосно вакцинирани, ниту по влегувањето во земјата да заминете во карантин.

Хрватска

Туристите кои сакаат да влезат во Хрватска може да го направат тоа со негативен тест на антиген (не постар од 48 часа) и ПЦР тест (не постар од 72 часа) или со потврда за прележан коронавирус во последните осум месеци.

Меѓутоа, освен ова, за влез во Хрватска ви е потребен и онлајн образец за престој, односно потребна ви е гаранција за резервација на сместување.

Словенија

Доколку не сте вакцинирани, во Словенија можете да влезете со негативен ПЦР тест (не постар од 48 часа) или брз антигенски тест (не постар од 24 часа), но моарте да доставите и пополнет образец за дигитален локатор на патници.

Доколку имате доказ за тоа дека сте го прележале коронавирусот во последните шест месеци, влезот ќе ви биде дозволен без заминување во карантин.

Португалија

Во септември Португалија ги промени правилата за влез, па на странците им е дозволено да влезат со негативен ПЦР тест направен до 72 часа или антигенски тест најдолго 48 часа пред влез во државата. Во оваа земја, на некои јавни места можно е да ви побараат доказ за вакцинација.

Грција

Со обзир на тоа дека една петтина од грчката економија зависи од туризмот, очекувано е дека оваа земја не може да практикува строги правила за влез во земјата. Невакцинираните патници може да ја поминат границата со негативен ПЦР тест издаден до 72 часа или доказ за негативен брз тест на ковид од овластена лабораторија до 24 часа пред влез во земјата. Тест е задолжителен за сите патници над 5 години.

Освен ова, пред патувањето задолжително е пополнување на образец за лоцирање на патниците, а при влез може да ви биде направен и тест за потврда дека не сте заразени.

Кипар

Невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР или антигенски тест не постари од 72 и 24 часа, а по доаѓањето во земјата морате да направите уште еден ПЦР тест кој чини од 15 до 19 евра и ќе бидете во изолација додека не бидат готови резултатите, што не трае повеќе од три часа. Невакцинираните посетители на Северен Кипар мораат да одат 5 дена во карантин.

Турција

Турција прифаќа негативен ПЦР тест 72 часа пред доаѓањето или антигенски тест 48 часа пред влезот во државата. Доколку сте прележани во изминатите 180 дена, заминување во карантин не е потребен, ниту потврда за вакцинација.

Ирска

Од јануари годинава, невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и да пополнат образец за лоцирање.

Дубаи (ОАЕ)

Доколку сакате да го посетите Дубаи, не мора да бидете вакцинирани и може да влезете со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а мора да се регистрирате и во нивната апликација Covid-19 DXB и да пополните здравствена декларација и образец за карантин од 10 дена кој е задолжителен.

Мексико

Од почетокот на пандемијата, Мексико е најопуштена држава за патување. Не треба да приложите ни негативен ПЦР тест, ниту е задолжителен карантин. Треба само да пополните образец за здравсвена декларација и да скенирате QR код кој се генрира по пристигнувањето во земјата.

Доминиканска Република

Оваа држава дозволува влез со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Египет

Египет бара негативен тест не постар од 72 часа како алтернатива за вакцинација.

извор: кајгана

To top