На многу жени им се случило многу пати да мора веднаш да го отстранат лакот, а во тој момент да немаат ни ронка ацетон во домот. Постојат неколку начини да го направите ова, користејќи ги овие мали трикови:
Дезодоранс во спреј
Напрскајте малку и брзо, додека ноктот е уште влажен, отстранете го лакот со памук. Обратниот процес, ставањето дезодоранс на памучна вата, нема да ги даде посакуваните резултати, како ни дезодорансите на природна основа.
Лак за коса
Постапката е иста како со дезодорансот, само што не користите памучна вата, туку салфетка, бидејќи лакот се лепи за памучната вата.
Парфем
Постапката е иста, но важно е да користите парфем, а не тоалетна вода.
Нов слој лак
Нанесете нов, дебел слој лак и тоалетна хартија – притиснете силно и избришете. Новиот слој се врзува за стариот и го отстранува.
Извор: попара.мк