Живот и Стил

Три работи кои задолжително мора да ги направите – на први јануари никако не плачете, а еве зошто треба да станете рано

Три работи кои задолжително мора да ги направите – на први јануари никако не плачете, а еве зошто треба да станете рано

Пробајте ги некои од овие предлози кои можат да ви помогнат да бидете посреќни во 2022 година, да имате повеќе пари…

Во светот постојат различни практики, навики кои луѓето ги почитуваат, со надеж дека тоа ќе им донесе среќа, здравје и пари во наредната година. Некои го сметаат за суеверно, но на многумина не им пречи да го пробаат, со објаснување дека сигурно не може да им наштети.

Доколку и вие спаѓате во оваа група, испробајте некои од следните предлози, кои би можеле да ви помогнат да ја подобрите следната година!

Не плачете

Нема плачење на 1 јануари! Се верува дека солзите на првиот ден од новата година не се добри бидејќи можат да го одредат „тонот“ за следните 12 месеци и на тој начин да привлечат повеќе солзи!

Станете рано

Раното станување на 1 јануари дефинитивно е последното нешто што го сакате на светот, но Полјаците веруваат дека тоа значи дека лесно ќе станувате од кревет цела година, без одложување на алармот и слично.

Бакнете некого

Веројатно веќе го знаете тоа – се верува дека ако бакнете некој што го сакате на полноќ на 31 декември, вашата љубов ќе трае и следната година. Доколку не сте во врска, т.е. немате партнер, бакнете некој што го сакате затоа што е важно околу нас да има луѓе што ги сакаме, без разлика дали се пријатели, мама, тато, брат, сестра…

извор: Курир.мк

To top