Црната е вечна боја, но секоја модна сезона нѝ носи барем уште една боја која ја достигнува нејзината популарност.
Оваа зима тоа е без преседан – кафеавата и во оптек се апсолутно сите нејзини нијанси – од најсветла до темно чоколадна боја.
Кафеавата боја е многу атрактивна и совршено се комбинира со исто така актуелната беж. Кафеавите парчиња облека делуваат луксузно, скапо и софистицирано, а квалитетно парче во оваа боја ќе го подигне секој ваш стајлинг на едно повисоко ниво.
Оваа сезона се носи сè во кафеави нијанси – од здолништа и фустани преку панталони и одела до капути, кои изгледаат многу гламурозно во оваа боја.
Кафеавата посебно добро изгледа на кожните парчиња како здолништа, блејзери и панталони, па дури и на трикотажа.
Во продолжение ви претставуваме неколку идеи и предлози за стајлинзи токму во кафеави нијанси, кои навистина изгледаат феноменално:
извор: кармин.точка.мк