Последната недела ни носи нови предизвици со кои некои знаци полесно, а некои знаци потешко ќе се справат. Многумина од вас ќе бидат во искушение да потрошат повеќе отколку што треба. Еве што ни предвидува неделниот финансиски хороскоп до 2 јануари.
Овен
Оваа недела многумина од вас ќе ја откријат својата вистинска цел во животот. Иако трошењето е неопходно, сепак можете да бидете повнимателни кога станува збор за финансиите. Веднаш одвојте пари за плаќање сметки и основни потреби. Сè што ќе купите треба да биде добро испланирано.
Бик
Постои веројатност дека оваа недела ќе работите повеќе време, а ќе заработите исто или уште помалку. Важно е да не ја изгубите вербата во себе и да работите мирно и без притисок, без да трошите нерви и време. Можеби подобро е да го одложите трошењето пари по празниците кога ќе почнат попустите.
Близнаци
До крајот на годината ќе сфатите што е она што сакате да промените во вашиот живот. Сега е одличен момент да размислите за промена на работното место или за започнување сопствен бизнис, но не донесувајте одлуки прерано без детална анализа.
Рак
Последните денови од годината ќе бидат многу стресни за вас. Ќе брзате од состанок на состанок, а тука е и непланираниот шопинг. Во овој период астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите вашите приоритети како и времето за одмор. Во спротивно, тоа може негативно да се одрази врз вашето здравје.
Лав
Ќе бидете најзафатени на 28 декември – денот на преминот на Јупитер во Риби, а не во петок, 31 декември. Астролозите ви препорачуваат да не закажувате важни работи за овој ден и да се воздржете од каков било шопинг, особено преку интернет. Доколку по професија сте продавач или менаџер на продавница, оваа недела вашиот бизнис ќе бележи значителен напредок.
Девица
Астролозите ве советуваат да ја завршите годината со планирање и поставување реални цели за следната година. Вашиот успех во голема мера може да зависи од поддршката на вашите најблиски. Најдобро би било да купувате новогодишни подароци во вторник или четврток, но не и во среда или во петок.
Вага
Ве очекува тешка и нестабилна финансиска недела. Астролозите од друга страна, ви препорачуваат да ги искористите празниците за едукација, учење нови вештини и читање биографии на успешни луѓе. На тој начин ќе можете да усвоите знаења кои досега ви биле непознати. Подобро е да не ризикувате доколку станува збор за започнување бизнис, или промена на работното место.
Скорпија
Ви претстои мирна финансиска недела. Сè ќе се одвива тивко и без непријатни изненадувања. Проблемите можат да се јават само доколку почнете неразумно да трошите. Овој период искористете го за да направите ревизија на трошоците како и план за штедење.
Стрелец
Оваа недела фокусирајте се на вашите таленти, научете нови вештини и обидете се да бидете покреативни. Бидете отворени за нови работи. Имаме и добра вест за вас: ќе бидете наградени за напорната работа во текот на оваа година, а можно е и унапредување на работното место.
Јарец
Ќе ја претворите вашата самодоверба во успех многу побрзо од вообичаеното благодарение на поволното влијание на планетите. Завршените обуки, вештините кои ги стекнавте досега како и искуствата, ќе ви отворат нови можности. Ве очекуваат нови победи, промоции и бонуси. Доколку сте во план да трошите, нека тоа биде испланирано.
Водолија
Вие сте зависник од работата, но потрудете се да не работите премногу од 27 декември до 2 јануари бидејќи непотребно ќе ви одземе премногу енергија. Купувањето работи за домот и неговото уредување ќе ви донесе голема радост, позитивна енергија и ќе биде момент кога ќе можете да ја искористите сета ваша креативност.
Риби
Вашиот живот би можел драматично да се смени оваа недела, особено во поглед на деловната и финансиската сфера. Сега е идеалното време да размислите за иднината, како и да поработите на себе. Ако ви дозволуваат финансиите, одвојте пари за нешто што можеби ќе ви затреба во блиска иднина.
извор: kafepauza.mk