Живот и Стил

Дневен хороскоп за четврток, 23-ти декември 2021

Дневен хороскоп за четврток, 23-ти декември 2021

ОВЕН

Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте. Партнерот ќе го покаже своето право лице. Нема да бидете премногу воодушевени со она што го гледате. Можни се проблеми со притисокот.

БИК

Многу активно учествувате во завршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на својата работа. Ве мачи љубомора. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие од вас. Проблеми соо урогениталниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Денеска ќе имате многу работа, но и некои промени на работното место. Можеби некои соработници ќе си одат. Влегувате во монотона фаза кога станува збор за љубовта и не сте премногу среќни поради тоа. Лоша крвна слика. Пад на имунитетот.

РАК

Иако околностите подолг период не ви одеа од рака, денес може да имате среќа да решите некои проблеми. Уплашени сте, сакате да го задржите партнерот со кој сте, а ви делува дека полека губите контрола. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

ЛАВ

Поволен ден за работа, ако соработувате со родени во знакот на Стрелец, може да очекувате успех. Доколку сте во брак, правите сѐ за да најдете изговор да излезете од дома и малку да одморите од партнерот. Чувствителна бешика.

ДЕВИЦА

Може да бидете успешни во деловните преговори денес. Поволен ден за потпишување договори за соработка. Делувате мистериозно и привлекувате дел од припадниците на спротивниот пол со својот став. Поминувајте повеќе време во природа.

ВАГА

Склони сте кон расфрлање и трошење поголема сума пари. Препорака е да бидете внимателни, бидејќи подоцна може да зажалите. До совршенството не може да се дојде преку ноќ, потребно е многу труд и разбирање. Губиток на апетитот.

ШКОРПИЈА

Концентрацијата ви е лоша и не треба да носите важни одлуки денес. Склони сте кон самосожалување, барате внимание и лесно ги заборавате сите убави нешта кои партнерот ги направил за вас. Неопходно е да се наспиете. Преморени сте.

СТРЕЛЕЦ

Многу сте нервозни, лошо се чувствувате и каде и да се свртите ќе видите некои ограничувања за вашиот деловен план. Тажни сте бидејќи ја немате онаа љубов која ви е потребна. Можеби го идеализирате минатото. Склони сте кон депресија.

ЈАРЕЦ

Може да се потпрете на соработниците и колегите, околу себе имате луѓе на кои може да им верувате. Доколку имате врска на далечина, денешниот ден е поволен за планирање средба со саканата личност. Потребно ви е да поминувате време на свеж воздух.

ВОДОЛИЈА

Водете сметка да не ги расипете односите со претпоставените. Лесно може да се вовлечете во некоја интрига. Делувате дистанцирано кон саканата личност, а всушност вие сте повредени, а не сакате тоа да го признаете. Болки во грбот.

РИБИ

Поволен ден за патување и потпишување некои договори. Сѐ што ќе замислите ќе ви оди од рака. Може многу лесно да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Поволниот период само што започна. Избегнувајте масна, похована и многу зачинета храна.

извор: нетпрес

To top