Рузмаринот е лековита медитеранска билка која дава неодолива арома на јадењата, особено на месото. Се употребува како зачин, а има и многу здравствени придобивки од него.
Рузмаринот помага за превенција на рак на дојка, цревата и кожата, а ублажува и тегоби и болки.
Помага при грчеви во цревата и желудникот, а исто така и за менструални болки.
Влијае за намалување на стресот, а исто така го поттикнува и растот на косата и го чува нејзиното здравје и сјај.