Живот и Стил

Дневен хороскоп (22 декември 2021)

Дневен хороскоп (22 декември 2021)

ОВЕН

Ќе имате падови во работната средина кои ќе ве спречат да направите се што сте планирале. Во никој случај не успевате да се договорите со саканата личност за основните работи кои ја прават врската стабилна. Денес се чувствувате доста добро.

БИК

Може да очекувате враќање на помал долг, а ќе можете да ја наплатите и претходно завршената работа. Партнерот го промени своето однесување кон вас. Се чини дека стана доста резервиран. Има постепено подобрување кај здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Можно е новиот проект да ве чини многу повеќе отколку што сте планирале. Поминавте низ многу тешка фаза и сега конечно можете да здивнете. Чувствителни синуси. Поради зголемениот ветер, пожелно е да се носи капа, за заштита.

РАК

Поволен ден доколку се занимавате со бизнис поврзан со туризам или трговија. Ако сакате да останете во врска или брак со сегашниот партнер, ќе мора конечно да научите искрено да простувате. Денес сте доста чувствителни.

ЛАВ

Немојте да бидете повеќе фокусирани на туѓите мислења отколку на вашето. Сè уште не сте направиле конкретни промени на емотивен план. Немате време да се посветите на тоа. Ви треба повеќе сон, уморни сте, напнати.

ДЕВИЦА

Многу поволен ден, особено ако се занимавате со некоја работа поврзана со маркетинг. Подготвени сте да решите некои проблеми кои сте ги имале со саканата личност во блиското минато. Мали проблеми со хормоните, неопходна е контрола.

ВАГА

Влегувате во фаза во која заработката ќе се подобри. Еден човек ќе ви покаже дека е верен и искрен соработник. Разочарани сте од партнерот и непријателски расположени. Можни се кавги и конфликти. Проблеми со алергиски реакции.

ШКОРПИЈА

На крајот сепак ја добивате потребната финансиска инјекција за проблемите што ги имате. Сега можете да започнете со реализација. Идиличната врска со саканата личност ја нарушува некој нов кој би сакал да ви се меша во животот. Ви штети прекумерниот стрес.

СТРЕЛЕЦ

Потребна ви е пореална гледна точка за многу работи на полето на работата. Не сте доволно заинтересирани за решавање на љубовните проблеми. Чекате подобар момент. Можни грчеви во мускулите. Потребно е постојано внесување на магнезиум.

ЈАРЕЦ

Поволен ден за соработка со странство, како и за оние кои се занимаваат со образование. Разговарајте убаво и учтиво со партнерот. Немате причина да се обвинувате еден со друг. Проблеми со висок крвен притисок.

ВОДОЛИЈА

Иако се се одвива во добар правец, сепак не е време за опуштање. Останете колку што е можно посветени. Се плашите од реакциите на партнерот и поради таа причина не сте доволно отворени кон него. Можни се настинки, зајакнете го имунитетот.

РИБИ

Можни се проблеми со документацијата и помали компликации кои ја отежнуваат работата. Одржувајте позитивен став. Партнерот е подготвен за големи промени и важни чекори, но тоа не може да го направи без вашата поддршка. Здравјето е сосема солидно.

извор: Нетпрес

To top