Живот и Стил

Овој кремаст потаж од брокула е најдоброто нешто за зимските студени денови

Овој кремаст потаж од брокула е најдоброто нешто за зимските студени денови

Во текот на зимските студени денови имаме потреба од топла, вкусна и здрава храна која ќе не стопли и ќе му обезбеди доволно корисни состојки и енергија за сите дневни предизвици.

Порад тоа, зимската сезона е идеална за вкусни, кремасти потажи, а покрај оние од тиква, костени или карфиол, одличен избор е и потажот од брокула.

Денеска ви претставуваме вкусен и лесен рецепт токму за ова јадење, кое задолжително треба да го пробате дури и доколку не сте голем љубител на овој зелен зеленчук.

Потребни состојки:

– 1 лажица кокосово масло
– 2 згмечени чешниња лук
– 1 главица кромид, исечкан на коцки
– 2 помали брокули, исечкани на покрупни парчиња
– 2 шолји бујон од зеленчук

Начин на подготовка:

1. Загрејте го кокосовото масло во тенџере, на среден оган, а потоа додајте ги кромидот и чешнињата лук.

2. Пржете околу 2 минути, а потоа додајте ги и парчињата брокула и пржете 30 секунди.

3. Додајте го бујонот од зеленчук, поклопете го тенџерето и варете околу 15 минути или додека брокулата не биде доволно мека за да може да се прободе со вилушка.

4. Почекајте малку да се излади, а потоа со рачен миксер или блендер измиксирајте ја смесата.

5. Послужете го потажот топол или изладен, со малку чили, свеж коријандер или павлака по желба.

извор: Кармин.точка.мк

To top