Руската манекенка, 14 годишната Влада Џуба, после 13 часовен моден маратон во Шангај, најпрвин се сруши на модната писта, а потоа падна во кома и по два дена почина.
Родителите на 14 годишното девојче немаат пари да дојдат по нејзиното тело, па таа најверојатно ќе биде кремирана, а нејзините посмртни остатоци ќе бидат вратени дома дури за еден месец.
Иако прво се тврдеше дека Влада имала менингитис, новите наоди од обдукцијата покажале дека починала од септикемија, болест кај која патогените микроорганизми или нивниот отров продираат во крвта и се задржуваат во неа.

Тогаш се видело дека на малата Влада после плаќањето на смештајот, храната и авионските карти и останале седум евра. Нејзините родители не можат да платат авионска карта за Шангај, па нивното дете на последното патување ќе го испратат службеници од Кина.
Џуба починала неполни две недели пред својот 15-ти роденден. Во Кина лицата помлади од 16 години можат да работат во одредени сектори, доколку за тоа добијат официјална дозвола. Многу манекенки од Советскиот Сојуз заминуваат во Кина, за да изградат кариера во суровата манекенска бранша.
Државниот правобранител за човекови права од Москва го презема случајот како во потполност би ги разјаснил околностите кои довеле до смртта на Влада Џуба.
Извор:Курир.мк