Не може месец декември да помине без тенџере со богата супа која може да трае и неколку денови, а вистинска инјекција е со хранливи состојки.
Состојки:
– 2 лажици маслиново масло
– 75 грама ситно исечкан лук
– 3 тенко исечени стебла од целер
– 2 исечени моркови
– 3 шолји ситно исечкани печурки
– 10 мелени чешниња лук
– ½ пилешки бујон
– 4 гранчиња тимијан
– 2 ловорови листа
– 400 грама леблебии
– 1 килограм пилешки гради со коски
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка мелена пиперка
– 1 помала главица кељ
– Магдонос по желба
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло, па додадете го ситно исечканиот лук, целер и морков и пржете околу 5 минути. Потоа додадете ги печурките и лукот и динстувајте околу 3 минути со константно мешање, па додадете го бујонот и тимијанот, ловоровиот лист и леблебиите.
Додадете ги пилешките гради, сол, црвен пипер и покријте да се готви околу половина час. По желба додадете магдонос.
Извадете го месото, отстранете ја кожата и коските и ситно исечкајте го. Вратете го месото, додадете кељ, покријте со капаче и гответе додека кељот не омекне (5 минутки).
Нутритивна вредност
Една порција од оваа супа содржи 253 калории, 6,5 грама масти, 1 грам заситени масти, 3 грама мононезаситени масти, 0,9 полинезаситени масти, 28 грама протеини, 22 грама јаглехидрати, 6 грама растителни влакна, 54 милиграми холестерол, 2 милиграми железо, 581 милиграми натриум, 116 милиграми калциум и 5 грама шеќер.
извор: кармин.точка.мк