Џоан Мекдоналд почнала со фитнес на 70 години за да си го подобри здравјето, а набрзо станала инспирација за многу луѓе.
Лекарите во 2016-та година ѝ рекле дека треба да почне да зема повеќе лекови, бидејќи имала проблеми со притисокот.
View this post on Instagram
Поради лековите се борела со рефлукс на киселина, што ѝ го отежнало секојдневниот живот. Нејзината ќерка ја предупредила дека ќе заврши во болница ако не преземе нешто.
Потоа тие две почнале заедно да одат на тренинзи, а после една година Џоан отворила Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Профилот го користи за да ги охрабри луѓето да почнат да водат сметка за здравјето, кондицијата и исхраната. Сега има 1.5 милиони следбеници.
За магазинот „Health“ открила кои работи постојано сите треба да ги практикуваме.
View this post on Instagram
„Јадете пет мали оброци дневно, кои се полни со протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Спијте седум или осум часа. Дневно консумирајте три литри вода. Задолжително вежбајте наутро“.
Велосипедизмот ѝ е омилена форма на вежбање, а автомобил вози само ако оди на подолго патување. Се надева дека за 10 години и понатаму ќе биде волку силна и активна.
View this post on Instagram
„Не се гледам како стареам. Во пензија имаш повеќе слободно време и треба паметно да го искористиш“, додала таа.
View this post on Instagram
извор: точка.мк