Ако се прашувате кое парче облека ќе биде хит оваа зимска сезона, го имаме одговорот – дизајнерите едногласно одлучија дека секоја жена треба да поседува ваква јакна во својот гардеробер.
Освен што изгледа моќно и тренди, во неа ниту минусните температури нема да ви можат ништо. Конечно на ред дојде модата која го става акцентот на удобноста, а веруваме дека секоја дама го посакува тоа.
Станува збор за јакна со поширок крој, должина до листовите и со голема качулка. Може да се носи со патики, чизми, па дури и во комбинација со високи потпетици.
Доколку сакате да ја истакнете фигурата, тоа можете да го постигнете на многу едноставен начин – само додајте појас или малку подебел ремен и ќе го добиете посакуваниот ефект.
Еве како трендсетерките го носат овој интересен модел на јакна:
извор: точка.мк