Радио Милева златни наследници

Ова се децата на Неле Карајлиќ од „Забрането пушење“: Синот е студент по режија, а ќерката вистинска убавица со сериозна диплома (ФОТО)

Ова се децата на Неле Карајлиќ од „Забрането пушење“: Синот е студент по режија, а ќерката вистинска убавица со сериозна диплома (ФОТО)

Иако е ќерка на човек кој важи за еден од најпрепознатливите симболи на актерската и рок сцената на поранешна Југославија, ќерката на Неле Карајлиќ, фронтменот на легендарната група „Забрањено пушење“ намерно  ја заобиколи можноста да стане јавна личност.

„Ќерка ми е лекар, ветеринар, таа е научник. Многу ги сака животните. Синот досега беше фудбалер, но, бидејќи крвта не е вода, сега замина на магистерски студии по режија во Берлин“ – открила за „Премиера“ Сања Јанковиќ, сопругата на музичарот.

 

Јана Јанковиќ, ќерката на Неле, како помал тргнала по стапките на својот татко за да ја негува и продолжи уметничката особина која ја наследила од него. Заедно со основното и средното училиште посетувала и балетско училиште, па дури играла и во неколку претстави во Народниот театар.

Меѓутоа, љубовта кон животните конечно преовладала, па Јана се запишала на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, а по завршувањето на студиите се вработила во Германија. Јана Јанковиќ која е вистинска убавица со сериозна диплома, денес живее и работи како ветеринар во Швајцарија.

Фото: Инстаграм принтскрин

To top